Американската крајбрежна стража штотуку објави дека далечински управуван робот (ROV) пронашол остатоци на дното на Атлантскиот Океан.
„ROV“ пронајде поле со отпад недалеку од потонатиот брод Титаник, пренесуваат медиумите во регионот.
Специјалисти од заедничката команда во моментов ги оценуваат новите информации.
Според написите, прес-конференцијата е закажана за вечерва во 22 часот по наше време.
Во потрагата по исчезнатата подморница „Титан“ денеска се вклучи и роботизирана подморница (ROV), управувана од далечина, која ја испорача канадскиот брод „Horizon Arctic“.
Малата туристичка подморница го испратила последниот сигнал до матичниот брод во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето.
Во него се вклучени британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман, францускиот истражувач Пол-Анри Наргело и Стоктон Раш, извршен директор на „Oceangate Expedition“, компанијата што ја организираше оваа турнеја.
Ко-основачот на „OceanGate“ вели дека времето што останува за спасување на патниците е подолго отколку што мислат повеќето луѓе.
Гилермо Сонлајн даде изјава за Си-Ен-Ен. Тој прецизираше дека зборува во свое име, а не во име на компанијата „OceanGate“.
Тој рече дека извршниот директор и ко-основач на „OceanGate“, Стоктон Раш, кој е на подморницата, и остатокот од екипажот знаат дека треба да останат смирени што е можно повеќе за да заштедат што е можно повеќе кислород и да им дадат на спасувачите повеќе време да ги најдат.
„Четврток ќе биде клучен ден во оваа мисија за пребарување и спасување. Се уште имам надеж за мојот пријател и остатокот од екипажот“, рече Сонлајн.