Утрински Весник
Свет

Пронајден експлозив во икони во Русија

77.jpg

Официјални лица на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) заедно со цариниците спречија шверц на 27 импровизирани експлозивни направи скриени во православните икони од Украина во Русија, соопшти ФСБ.

Товарот се движел на релација Украина – Романија – Унгарија – Словачка – Полска – Литванија – Латвија – Русија, а во него имало 27 импровизирани експлозивни направи скриени во икони и подготвени за употреба, 70 килограми индустриски произведен пластичен експлозив со голема моќност и 91 електричен детонатори, се наведува во соопштението, пренесува „РИА новости“.

Осомничениот е приведен и одредена му е мерка притвор. ФСБ за регионот Псков го истражува случајот со нелегално пренесување експлозиви и експлозивни направи преку граница од страна на група лица.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена