Утрински Весник
Култура

Промоција на Зборникот на трудови „Антево дело“во Куманово

Промоција на Зборникот на трудови „Антево дело“во Куманово

По неодамнешната промоција во Скопје, Зборникот на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“ , одржан во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски, ќе биде претставен и пред културната јавност во Куманово.

dobivaj vesti na viber

Промоцијата ќе се случи во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, а промотор на овој значаен научен труд ќе биде Кристина Николовска.

Зборникот донесува трудови од еминентни научни работници, лингвисти и писатели, во кои се третирани литературни, литературно-теориски, јазични и теми од историја на уметност и естетика.

Во Зборникот се објавени трудови од академик Катица Ќулавкова (МАНУ), Ала Шешкен од МГУ „Ломоносов“ од Москва, Руска Федерација, член на МАНУ надвор од работниот состав, Венко Андоновски, дописен член на МАНУ, Кристина Николовска, Емилија Црвенковска, Весна Мојсова Чепишевска, Бојан Ортаков, Филип Фиданоски, , Емилија-Ромања, Италија), Бранко Цветкоски, Сузана В. Спасовска , Александра Јуруковска и Иван Антоновски.

Во продолжение на вечерта, Кристина Николовска, ќе одржи и пригодна беседа за делото и творештвото на македонскиот поетски великан Анте Поповски, а присутните ќе имаат ретка можност да слушнат и кус рецитал-изворно со гласот на Анте Поповски, но и снимки од негови песни во интерпретација на познати артисти.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“