Утрински Весник
Македонија

Промоција на VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот Владетелки на Балканот

20240804150335 Big 730x400 15.webp.webp

Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, заедно со соработниците од Археолошкиот институт од Белград и координаторот DIGI.BA од Сараево денеска во Европската куќа во Скопје во 10 часот ќе ги промовира VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот „SHELeadersVR“ (Владетелки на Балканот) поддржан од програмата Креативна Европа.

Целта на проектот е да се создадат дигитални апликации коишто ќе овозможат користење на виртуелна и проширена реалност при реконструкција на животот, дејствијата, просторот за живеење и предметите поврзани со пет избрани жени – средновековни владетелки од територијата на Западниот Балкан.

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!