Утрински Весник
Култура

Промоција на книгата „Попатно“ од Александар Пљачковски

Промоција на книгата „Попатно“ од Александар Пљачковски
300x250 (7)

Во Мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од Скоје денеска во 18 часот ќе се одржи промоција на книгата „Попатно“ од Александар Пљачковски. За пораките на изданието пред присутните ќе говори авторот на книгата.

dobivaj vesti na viber

Александар Пљачковски – Скопје, 1998 година е инженер по електротехника и информациски технологии по професија, но исто така е и, софтверски инженер за развој, писател, поет, активист и хуманист. Започнува да пишува кратки текстови, есеи и поеми уште од рана возраст, но својот прв роман го завршува на свои седумнаесет години. Неговите реченици и зборови се препознатливи по креативниот и уметнички начин на пишување, преку којшто ги наведува луѓето да се пронајдат себеси и да живеат достоинствено, истовремено овозможувајќи им, да се видат себеси во напишаното. Да ја развијат својата будност, која несомнено ќе им помогне во разбирање на причинско – последичните ефекти на се’ што прават, како и да развијат енормни чувства за сето она коешто е важно за нив, со цел да се инспираат и мотивираат, продолжувајќи напред кон своите цели.

Ss1

Она коешто го пишува е произлезено од искуството во неговиот живот, запознавањето со други животи преку моќта на книгите, формалното и неформалното образование и знаење, како и меѓусебната комуникација со другите луѓе.

Преку својот активизам и хуманизам, тој се залага да биде лидер и амбасадор за заштита на човековите права, рушење на поделбите, подигнување на свеста и свесноста на луѓето, нееднаквоста, економската, но и комуникациската, сиромаштија, борбата против климатските промени, социјалната инклузија, вклучувајќи го и младинскиот активизам и хуманизам, здравјето и благостојбата, како и иновациите кои претставуваат двигател на нештата.

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“