Утрински Весник
Култура

Промоција на книгата „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска

Промоција на книгата „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска

Промоција на книгата „Денот кога го изедовме бога“ од Гордана Јовиќ – Стојковска на 23-ти ноември, со почеток во 19:19 часот, во Салон Имеријал 2.

dobivaj vesti na viber

Книгата ќе ја промовираат Елизабета Јончиќ и Иван Антоновски, извадоци од книгата ќе чита авторот, водител на вечерта Димитрие Мијатовиќ.

Гордана Јовиќ – Стојковска е книжевник и есеистичар, преведувач и истражувач на јужнословенска митологија. Родена 1961 во Грделица, Србија. Дипломирала на Филолошки факултет. Член е на ДПМ. Од 1989 – 2002 година работи како претседател на Книжевна младина на Македонија. Од 1991 е еден од основачите и раководители на Младински совет на Македонија. Во рамките на своите активности организира книжевни и културолошки фестивали, колонии, конференции, конгреси, како и континуирании книжевни настани со цел претставување на македонската книжевност, но и претставување на српската и книжевностите на други екс ЈУ народи пред македонската книжевна и културолошка публика. Работи на организирање на Млада Струга, Струшки вечери на поезијата, Рацинови средби и на меѓународни симпозиуми „Исток – Исток“. Автор е на повеќе книжевни дела, поезија и проза. Сите нејзини прозни дела се објавени на српски и македонски како авторски. Од 2001 година активно се занимава и со преведувачка дејност и има над 30 поетски, прозни и стручни книги Преведува од бугарски , словенечки, српски и македонски. Автор е на повеќе детски ТВ драми и серијали реализирани во МТВ. Добитник на повеќе меѓународни и домашни награди Нејзините дела се преведувани над 20 светски јазици.

Фејсбук настан

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“