Утрински Весник
Магазин

(Видео) Даниел Крег во реклама за вотка

(Видео) Даниел Крег во реклама за вотка

Минатата година го заврши својот 15-годишен стаж како Џејмс Бонд, но Даниел Крег не седи без работа.

dobivaj vesti na viber

Британскиот актер беше зафатен со снимање реклама за вотка, во режија на оскаровецот Таика Вејтити.

Во рекламата за вотката „белведере“, која беше премиерно прикажана минатата недела, Крег, од замислен и енигматичен, преминува во неверојатен, па дури и  забавен, коментираат американските медиуми.

Рекламата завршува со тоа што Крег пие „белведере“ и коментира: „конечно“. Се чини дека танцувањето ожеднува.

Судејќи според реакциите на интернет, фановите се „и протресени и промешани“ за разлика од мартинито што го пие суперагентот 007.

https://www.youtube.com/watch?v=ekESZIn4y18

Некои беа одушевени да го видат Крег во вакво разиграно издание, а некои не.

Една корисничка на „Твитер“ напиша: „Најлудото нешто што некогаш сум го видела, не можам да поверувам дека тоа е Крег“.

Друг напиша: „Моралот на оваа реклама за Belveder Vodka се чини јасен: „напиј се од оваа вотка и ќе се засрамиш во јавност и ќе танцуваш на начин што дури ни Даниел Крег не може да го направи да изгледа кул“.

Трет коментатор напиша на „Јутјуб“: „Апсолутно прекрасно!!! Уживав да го видам Даниел надвор од сталожениот, софистициран Бонд. Многу ми се допадна ова“.

Можете да прочитате

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак