Вечерва во “Кино Манаки” ЈОУ КИЦ Битола, со почеток во 19.00 ч. промоција на документарниот филм ,,Битола, метох на духовноста”.
Некогаш позната како град Манастир со стотици цркви, Битола и битолско се уште се духовен центар чии темели се длабоко вкопани во ранохристијанските базилики, цркви и манастири. Освен што се културолошки споменици, битолските цркви и манастири заради активниот литургиски живот се и цврст духовен бедем на православието. Ова се потврдува и со фактот што токму тука живееле повеќе православни светители. Битола била и продолжува да е метох на духовноста“, соопшти организаторот.
Проектот е поддржан од Општина Битола.