Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со температура до 28 степени

Променливо облачно со температура до 28 степени

Времето денеска претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, најпрвин во западните, а потоа и во вечерните и ноќните часови и во другите подрачја, времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер.

dobivaj vesti na viber

Локално ќе има услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје променливо облачно, во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од недела и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните