Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне

Променливо облачно време со засилен северен ветер

Денеска се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне. Уште од ноќта ќе дува претежно умерен ветер од југозападен до југоисточен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.

Под влијание на серија на влажни бранови во следните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд.

В недела наместа врнежите ќе бидат пообилни, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец, особено в петок и в недела.

Можете да прочитате

Кузеска: Непотизам – братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Професор Димов: Иловица има потенцијал што Европа веќе знае како да го развива 

Приведени 64 возачи изминатиот викенд, 1.426 сообраќајни прекршоци