Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Oblacno 1.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови од утрото со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата – ќе бидат пообилни во западните и во северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта.

Ќе дува засилен до силен јужен ветер, наместа над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според прогнозата на УХМР, од денеска до сабота под влијание на влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

-Во текот на ноќта кон четврток ќе има пообилни врнежи од дожд, а во петок и до сабота во пладневните часови врнежите повторно ќе бидат пообилни (и над 25 литри на квадратен метар) и ќе преминат во снег понекаде и на пониските места. На планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе се формира снежна покривка. До сабота ќе дува засилен до силен ветер, и над 70 километри на час, соопшти УХМР. 

Можете да прочитате

Цветановски: Протестот на работниците не е политика туку борба за достоинствен живот и праведна плата

СМС од државата – порака за исклучување

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе