Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремен локален дожд, во планинските региони со снег

Vreme.jpeg

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.


Во Скопје утрото студено, во текот на денот умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег. Потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер. 

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на скопската обиколница, седум лица повредени

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди