Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Променливо облачно со повремен дожд

Oblacno.webp.webp
300x250 opst2

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа наместа врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни и краткотрајно со услови за појава на грмежи. Постојната снежна покривка на помалите височини ќе се намалува. Особено во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 км/ч).

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина 

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

Родители на загинатите во пожарот во „Пулс“ се соочија со поранешниот градоначалник Ратко Димитровски