Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со максимална температура до 13 степени

Oblacno.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според прогнозата на УХМР,  во следните денови ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време со сончеви периоди. Ќе има појава на утринска магла или ниска облачност по котлините каде што повремено ќе има и пониска дневна температура. Кон крајот на работната недела утринските температури ќе бидат за неколку степени пониски.

Можете да прочитате

Променливо облачно, до 14 степени

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци

(Најнова вест) Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница