Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи

Vreme 1.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. 

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.

До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре и во петок во попладневните часови кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, како и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. 

Можете да прочитате

За 10 дена 6.264 сообраќајни прекршоци, уапсени 151 возач

Девет предмети за дискусија на седница на Уставниот суд

Приведен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал