Утрински Весник
Македонија

Викендов нов топлотен бран во Македонија

Zesko sonce.jpg

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на малку позасилен топлотен бран од југ, односно од Африка кој условува да имаме високи максимални дневни температури на воздухот. Токму поради ова целата територија на Македонија се наоѓа во жолта предупредувачка фаза.

Сепак и покрај ова, екстремно високи температури на воздухот нема да имаме во Македонија, односно максималните дневни температури денес петок, 17 јули ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. Во Скопје и околината максималната температура денес ќе се искачи до околу 35 степени.


Повисоки температури ќе имаме во сабота и недела каде на одредени места тие ќе се искачат и до 40 степени.

Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност особено во попладневните часови, кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец.

И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можете да прочитате

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени