Утрински Весник
Свет

Проектили паднаа во Полска во близина на границата со Украина

Проектили паднаа во Полска во близина на границата со Украина

Два проектила паднале на територијата на Полска, пренесува „Раша тудеј“.

dobivaj vesti na viber

Полскиот премиер свика итен состанок на владиниот Комитет за безбедност и одбрана, објави неговиот портпарол.

Полските медиуми објавија дека две лица загинале во вторникот попладне откако проектил погодил област каде се суши жито во Пжеводов – полско село во близина на границата со Украина.

„Причините за овој инцидент во моментов не се познати“, изјави портпаролот на локалната противпожарна служба, постариот капетан Марцин Лебиедович за „Радио Лублин“. Тој потврди дека имало жртви и рече дека добиле „извештај за експлозија“.

Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер, исто така, ги повика медиумите и јавноста „да не објавуваат непотврдени информации“.

АП објави, цитирајќи висок претставник на американското разузнавање, дека руски проектили паднале во Полска, при што загинале две лица. Мулер не ги коментираше извештаите, само го нарече инцидентот „кризна ситуација“.

 

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина