Утрински Весник
Спорт

Агуеро: Не ги споредувајте Марадона и Меси

Агуеро: Не ги споредувајте Марадона и Меси

Пред стартот на Светското првенство во Катар, аргентинската јавност, повторно, очекува титула, поставувајќи притисок на својата репрезентација, која влегува на шампионатот со серија од 35 меча без пораз и се смета за еден од поголемите фаворити за трофејот. Секако, фокусот е на Лео Меси, во неговиот петти и можеби последен настап на СП и многумина го споредуваат со Диего Марадона, кој славно ги предводеше до последниот втор трофеј во 1986 година.

dobivaj vesti na viber

Серхио Агуеро, близок пријател на Меси, а во исто време и поранешен член на семејството на Марадона со бракот со неговата ќерка Џанина, вели дека споредбата никогаш не му се допаѓала и дека навивачите треба да го почитуваат и ценат двајцата како посебни големи личности во аргентинскиот фудбал.

„Никогаш не ми се допаѓаа тие споредби. Не се работи за тоа кој е поголем симбол. Двајцата имаат клучно место во историјата и место во срцата на Аргентинците. Повеќе би сакал да велиме дека како Аргентинци сме горди на тоа што ги имаме Диего и Лео, секој во својата ера најдобар на светот“, вели Агуеро.

Можете да прочитате

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство

Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива

Шпанија ја елиминира Португалија со гол во 91. минута