Утрински Весник
Македонија

Продолжува топлото време – температури до 39 степени

Vreme zesko mia.jpg

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.


Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според најавите на УХМР, слично време ќе се задржи и во наредните денови – сончево, многу топло и со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. 

Можете да прочитате

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

Скандал во „Демир Хисар“: Здрави осуденици завршувале во психијатриска болница наместо во затвор

Муцунски-Кајзер: Разменети мислења за актуелните регионални и глобални безбедносни прашања