Утрински Весник
Балкан

Продолжува гаснењето на пожарот на грчкиот остров Крит, утрово подобрена ситуацијата

20240809093406 Big 730x400 29.webp.webp

Рано утрово значително е подобрена ситуацијата со пожарот во централниот дел на грчкиот остров Крит, во општина Ретимно, што е активен веќе трет ден, а интервенираат над 250 пожарникари, како и авиони и хеликоптери, јави дописничката на МИА од Атина.

Борбата со огнените јазици траеше во текот на ноќта, во текот на вчерашниот ден од бројот 112 за итни случаи беа испратени осум пораки, од кои седум за евакуација на жителите на населени места во близина на пожарот.

Од Атина беа испратени дополнителни противпожарни сили и со нив на островот замина и надлежниот министер за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, кој доцна синоќа истакна дека сите воздушни средства ќе останат на Крит, но и дека никој нема да си замине додека не се изгаси пожарот.

Според државната телевизија ЕРТ предизвикана е огромна материјална штета со изгорени над 2.000 хектари површина.

Пожарот избувна во средата, вчера наутро ситуацијата беше значително подобрена, меѓутоа поради силниот ветер имаше континуирани разорувања и во попладневните часови беше вон контрола.

Можете да прочитате

Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија

Стејт департментот на САД го прогласи Алтин Думани за антикорупциски шампион

Лепа Брена итно оперирана: Снимен моментот кога камерманот падна врз пејачката