Утрински Весник
Балкан

Пробиен безбедносниот систем на БКТ во најголемата банка во Албанија

Albanija 1.webp.webp

Голем број клиенти на Националната трговска банка (БКТ), најголемата банка во Албанија, беа изненадени кога нивните картички мистериозно беа испразнети. Според весникот „Капитали“, откриено е дека картичките биле користени во различни земји, вклучувајќи Бугарија и Италија, за купувања во вредност од илјадници евра. БКТ потврди дека картичките биле клонирани преку банкомат во Тирана, каде сторителите инсталирале камера. Банката наведува дека безбедносниот пропуст бил откриен по еден час и дека бројот на погодени картички е мал.

Граѓаните жртви ќе бидат целосно обесштетени. „Капитали“ посочува дека, иако не можеше независно да ја потврди целокупната штета, идентификувањето на неколку случаи укажува дека феноменот може да биде поширок од официјално признаеното. Овој инцидент ја нагласува потребата за масовни инвестиции во сајбер безбедноста на банкарскиот сектор, особено во дигиталната ера.

Можете да прочитате

Вучиќ: Цел месец зборам дека САД ќе го нападне Иран, ако ова продолжи, нè чека пекол

Иран најавува можен напад врз базата на МЕК во Албанија

Српските државјани се евакуираат од Израел преку Египет