Утрински Весник
Македонија

Приведени возачи од Холандија и Србија, на автопатот А-1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената

787308524 1359109716432497 168172474177781813 n.jpg

На 26.08.2026 во 22:15 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „мерцедес бенз“ со српски национални ознаки, управувано од 51-годишната И.М од Србија. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека И.М. била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, Демир Капија- Гевгелија, управувала со возилото со брзина од 168 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. И.М. е лишена од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 27.08.2026 во 05:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „ауди“ со холандски национални ознаки, управувано од А.А.(32) од Холандија. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека А.А. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. А.А. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Починато шестмесечно бебе донесено во Поликлиниката Драчево

АХВ потврди мртов гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен 

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември