Утрински Весник
Македонија

Приведени тројца криумчари на мигранти, пронајдени седум мигранти од Сирија

Приведени тројца криумчари на мигранти, пронајдени седум мигранти од Сирија

На 28.04.2023 во 22,45 часот од страна на полициски службеници за ГП и ГН Богородица во координација со полициски службеници од ПС за ГН Михајлово, на регионалниот пат Демир Капија- Неготино, во близина на Прждевски споменик, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од М.Р. (27) од Тетово и при преглед на возилото пронајдени се седум мигранти од Сирија.

dobivaj vesti na viber

Запрено е и возило „голф“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од К.Б. (29) од Боговиње, а совозач бил Џ.А. (33) од Боговиње, кое служело како претходница. Тројцата криумчари на мигранти се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија

Одржана централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО