Утрински Весник
Македонија

Приведени тетовец за обљуба на 15-годишно девојче и мајката со која бил во љубовна врска, а не пријавила

Policija 1.webp.webp

На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двете од села на подрачје на Тетово.

Претходно, истиот ден во 16:45 часот, во  СВР Тетово, 62 годишно лице исто така од тетовско село пријавила кривично дело „полово вознемирување” со елементи на обљуба извршено врз нејзината малолетна внука од страна на 58 годишното лице.


Според пријавеното настанот се случил во декември 2024 година, кога тогаш 15-годишната малолетничка се враќала од Тетово со комбе кое го управувал пријавениот, при што истиот со употреба на физичка сила извршил обљуба врз неа. По извесен период малолетничката го раскажала настанот на нејзината 37 годишна мајка која била во врска со 58 годишното лице но истата не го пријавила настанот.

Лицата се задржани во полициска станица, за настанот е известен Јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица

Тешко повреден полицаец од Фронтекс, го удрило товарно возило со крадени дрва

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ