Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца скопјани, ограбиле обложувалница, црква, малолетничка

Притвор за разбојници фатени при кражба на бакарна прскалка

Приведени две лица кои извршиле повеќе кражби во Скопје. Ограбиле обложувалница, црква, гаражи, луѓе итн.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, се работи за А.И.(24) и В.А.(20), двајцата од Скопје.

„ Тие се сомничат дека на 16.10.2022 одзеле пари од спортска обложувалница на ул.„Митрополит Тедосиј Гологанов“, на 21.10.2022 со употреба на подесен алат и физичка сила влегле во црквата „Св.Богородица“ на кеј „Димитар Влахов“ и одзеле пари, на 01.11.2022 на ул.„11 Октомври“ со употреба на физичка сила од женско лице од Скопје одзеле паричник, а на 14.11.2022 во подрумски гаражи на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ со закана и употреба на физичка сила од малолетничка од Скопје одзеле пари. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а дел од одземените средства и предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците“ соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ќе се залагам за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Во Македонија доаѓа ново невреме

Утрински Весник

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство