Утрински Весник
Македонија

Приведени четири лица поради напад на полицајци на ракометен натпревар

Policija 8.jpg

На 10.12.2025 во 18:45 часот на влезот во спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода П.Н.(20), Н.А.(24) и Д.М.(24), сите од Скопје.

При влегување на навивачка група од Скопје во спортската сала на ракометен натпревар, бил нарушен јавниот ред и мир, при што тие физички нападнале неколку полициски службеници кои преземале службени дејствија.

Подоцна, во 19:20 часот на влезот во спортската сала, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода и Н.Ѓ.(34) од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и повикувал на насилство. По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Во Охрид Централна свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност