Утрински Весник
Македонија

Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

Policija.webp.webp

На 24.07.2024 во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Р.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.30 часот влегол во дворот на С.Б.(74) од Битола и со употреба на сила ѝ одзел личен накит.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Уапсен возачот што возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, следува кривична пријава

Полицаец заврши во притвор затоа што наместо во буџетот, парите од казни за погрешно паркирање си ги земал за себе

СДСМ: Владата го призна бизнисот со вода во време кога Гостивар се труе – поскапа од големопродажна цена