Утрински Весник
Македонија

Малолетник со мопед удрил пешак во Скопје

Motor soobrakajka.jpg

На 01.08.2026 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Македонско-косовска бригада” во Скопје, мопед управуван од малолетник удрил во пешакот А.Ч. (84), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ч., а со телесни повреди се здобиле возачот и неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

Цело МВР два дена е без здравствено осигурување

До 13 часот еден активен пожар, шест пожари се изгаснати