Утрински Весник
Македонија

Приведен маж кој се самозадоволувал пред жени во автобуси

Приведен маж кој се самозадоволувал пред жени во автобуси

Триесетгодишен скопјанец од Студеничани е приведен бидејќи во повеќе наврати се самозадоволувал пред жени.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи дека во пет наврати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик, односно во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица од Скопје.

Лицето било задржано во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените.

Против него била поднесена и кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор.

Можете да прочитате

Сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир