Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти, превезувал четворица сиријци

Приведени шверцери од Кумановско, пронајдени четири лица мигранти од Куба

Денеска (19.04.2023) околу 15 часот на локалниот пат Прдејци – Смоквица, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Н.Р.(57) од Скопје. При преглед во возило “фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

dobivaj vesti na viber

Н.Р. бил задржан во полициска станица, а мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Н.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница