Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец за сторени седум кривични дела, дополнително расчистени уште четири тешки кражби

Уапсен е крадец во Прилеп

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ извршени во периодот од 10.11. до 08.12.2022 од викенд куќи и куќи на подрачјето на Штип.

dobivaj vesti na viber

Поради сомнение дека ги извршил делата, приведен е 18-годишниот Е.Ј. од Штип, кој во службен разговор во полициска станица ги признал кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

По преземени мерки и активности дополнително се расчистени уште четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во текот на 2022 од товарно моторно возило, бутик, стан и куќа, за кои постојат основи на сомнение дека ги извршиле Д.М.(33), С.С.(26), Е.М.(20) и еден малолетник, за кои од претходно се преземени мерки. По комплетирање на случаите против лицата до ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Православната црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската православна црква

Тренчевска: Граѓаните тонат во сиромаштија, власта нема нема стратегија за заштита на животниот стандард

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!