Утрински Весник
Македонија

Приведен кавадарчанец за нанесена тешка повреда на неговиот син

Polici A.webp.webp

Приведен е кавадарчанец за физички напад врз неговиот син, информираат денеска од СВР – Велес.

„Синоќа во 20 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода К.М., на возраст од 51 година, по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, физички го нападнал неговиот 27-годишен син. Според пријавеното, во нападот учествувал и другиот негов син Е.М., а биле употребени метален и дрвен предмет, при што на 27-годишникот му била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во болницата во Кавадарци“, појаснуваат од СВР – Велес.

К.М. бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по комплетно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Штип вечерва е обвиен во чад поради шумски пожар, да се избегнува присуство на отворено

Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата

Полициските хеликоптери  исфрлија над 120 тони вода врз пожари