Утрински Весник
Македонија

Приведен државјанин на Албанија, дал туѓа патна исправа при гранична проверка

Приведен државјанин на Албанија, дал туѓа патна исправа при гранична проверка

Вчера, во 9.40 часот, на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле 29-годишниот Б. Ф. од Република Албанија затоа што при извршена гранична проверка било утврдено дека на увид дал албанска патна исправа на друго име, односно дека се послужил со туѓа патна исправа, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

„При преглед во неговиот багаж биле пронајдени и албанска возачка дозвола и дозвола за престој издадена во Шпанија на друго име“, соопшти МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка и врз основа на пресуда од Основниот кривичен суд Скопје од Одделението за прекуграничен криминал и миграција му била изречена казна протерување странец од Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Директна авиолинија Анкара – Скопје и карго железничко поврзување  

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Мојсоска: Преку казината власта го пере црниот кеш и затоа не смее да ги затвори коцкарниците