Утрински Весник
Македонија

Демократско движење: Со лаги не се напаѓа албанската опозиција, опозициските партии станаа опсесија на Груби

Демократско движење: Со лаги не се напаѓа албанската опозиција, опозициските партии станаа опсесија на Груби

Артан Груби во секоe негово појавување во јавноста, во недостиг на вистински факти се занимава со албанската опозиција, како државата да се води од страна на опозицијата, реагираат од Демократското движење.

dobivaj vesti na viber

„Всушност, опозициските партии станаа опсесија на Груби, и во недостиг на веродостојни аргументи, тој измислува видливи лаги, кои имаат сосема спротивен ефект и влијаат на подобрување на имиџот на опозициските партии. Тој лаже кога вели дека опозициските партии станале вазали на ВМРО, бидејќи така тој ја разбира политиката, како вазали, уште повеќе кога се знае дека сеуште зад сцената дише неуморната љубов меѓу ДУИ и режимот на Никола Груевски“, мвелат од оваа партија.

„Лаже кога вели дека опозициските партии ја злоупотребија посетата на премиерот Курти, лаже кога вели дека посетата на семејството Деволи, не била мешање на ДУИ во Косово, лаже кога вели дека на македонските олигарси им пречат успешните албанци во политиката, алудирајќи тука и за себе. Но, Груби рече и дека ниту еден министер на Алијансата за Албанците не ги спротивставил измените во Кривичниот законик, како што е изјавено во медиуми од претставниците на оваа партија. Значи токму Алијансата треба да каже кој всушност лаже: Груби или Алијансата“, потенцираат од Демократското движење.

Можете да прочитате

Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ се во финална фаза

Паника во летот од Цирих кон Скопје принудно вратен назад во авионот удрил гром

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ е против „Северна Македонија“ а го избриша „Република Македонија“ од својот Статут