Утрински Весник
Македонија

Приватните специјализанти на протест за повисоки плати и регулирање на работниот статус

Ministerstvoto Za Zdravstvo E1711524410230.webp.webp

Приватните специјализанти денеска во 11 часот ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство со барања за покачување на месечен надоместок, здравствено осигурување и регулирање на работниот статус, најави Здружението на лекари специјализанти.

Како што информираат од Здружението, нивните барања до министерот за  здравство се покачување на месечниот надомест којшто,  како што посочуваат, сега е 26 000 денари на ниво на моментална просечна плата во државава и понатамошно усогласување на нивната плата со просечната плата во државата.

Здружението бара  сите приватни специјализанти да добијат здравствено осигурување и да им се регулира работниот статус, бидејќи, како што наведуваат, во моментов се водат како невработени лица, со договор на дело, без стаж во тек на шест години специјализација.

Можете да прочитате

Мицкоски: Реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ исторски момент за Охрид, очекуваме двоцифрен раст на патници на двата аеродрома

Во близина на Виница пронајдено тело на маж со прострелна рана

СПМ: Нападнати полицајци пред дискотека во Скопје, осомничените пуштени