Утрински Весник
Македонија

Притворени двајца тетовци – со автомобил прегазиле полицаец и фрлиле марихуана низ прозорецот

Скопјанец бегал од полиција: Со автомобилот удрил во полицаец и во неговото возило

Полициска потера и напад на локалниот пат од селото Ѓермо кон Тетово се случувала пред два дена по што епилогот е две приведени лица, полицаец прегазен со автомобил и марихуана фрлена низ прозорец.

dobivaj vesti na viber

Тетовското Обвинителство води истрага за недозволена трговија со марихуана и напад врз полициски службеник.

„На 14 март, на локалниот пат од селото Ѓермо кон Тетово, полициски службеници запреле автомобил, во кој биле двајцата осомничени. Во моментот кога полицајците се обиделе да извршат контрола на возилото, возачот го ставил автомобилот во погон и почнал да се движи наназад за да избега. Полициските службеници го попречиле и забележале како совозачот од прозорецот фрлил наркотична дрога – марихуана за која подоцна е утврдено дека е со нето-маса од 30,96 грама.

Еден од полициските службеници успеал да ја отвори возачката врата и му дал наредба на возачот да го изгаси автомобилот, но тој повторно тргнал напред и со задното тркало поминал преку нозете на полицаецот, кој добил телесни повреди. Автомобилот во кој биле осомничените удрил во полициското возило и запрел, а двајцата осомничени биле лишени од слобода“, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Предлогот е прифатен и судијата со решение им определи притвор во траење по 30 дена.​​

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница