Утрински Весник
Македонија

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 28.09.2022 од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, по преземени оперативни мерки и активности била лишена од слобода М.Б.(51) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по чл. 123 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Имено, на 06.09.2022 осомничената била во домот на И.М.(70) во Кавадарци, со кого била во љубовна врска, и по вербална расправија, настанала меѓусебна физичка пресметка, во која осомничената со остар предмет му нанела повреди на И.М., а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото.

По преземени мерки и активности по наредба од Основен суд Кавадарци извршени се претреси во домот на осомничената, при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при извршен службен разговор, таа делото го појаснила во целост.

Од ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци против М.Б. е поднесена кривична пријава, а од страна на судија од Основен суд Кавадарци одредена ѝ е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче