Утрински Весник
Македонија

Притвор за арачиновец за обид за убиство

Polici A 1 1.jpg

Во врска со кривично правниот настан случен на 29.08.2024 околу 21 часот во с.Арачиново, скопско, каде што со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од с.Арачиново, при што со прострелни рани се здобил А.И. и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош, од страна на полициски службеници од  Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во с.Арачиново, при што од слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново.

Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од с. Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ. Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Можете да прочитате

Меџити: Коцкањето во последните години стана рак на општеството

Избувна пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово – Изгоре складиран изборен материјал

Наскоро нов продолжен викенд – Уште колку неработни дена остануваат до крајот на годинава?