Утрински Весник
Македонија

ПРИСТИГНУВА АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ: Утрешната ноќ и во понеделник силен ветер со брзина од над 70 км/час – Покрај тоа ќе има и врнежи!

Overview 20240323 00 045.webp.webp
300x250 (7)

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на брз студен фрон од север, утрешната ноќ, како и понеделник во Македонија ќе имаме поголема промена на времето, проследена со врнежи од дожд, како и снег на планините, особено во северните  и во западните предели од државава. Сето ова ќе биде проследено и со силен ветер, најпрвин од јужен и од југозападен, а во понеделник од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).

Ss1

Температурите позначително ќе опаднат, но за среќа на земјоделците  и овоштарите, појава на нов мраз и покрај овој брз студен фронт од север не се очекува, што значи дека набрзо, односно од вторник се враќаат пролетните, а по се изгледа за време на следниот викенд ќе имаме  и рано – летни температури на воздухот (над 25 степени).

ОБЈАСНУВАЊЕ: Овие нагли промени на времето, проследени со брзи студени Атмосферски фронтови се нормални за овој период од годината. Но истите со нивното преместување кон која била област, овој пат над Балканот и Македонија предизвикуваат силни ветрови со поголема брзина, а неретко можат да направат  и материјални штети.

Ss1

Можете да прочитате

Сончево со услови за локални врнежи

В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје