Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари наскоро би можел да се врати во Лондон, а позната e и причината

3610328 Megan Markl I Princ Hari Na Invictus Igrama Profimedia0805569665 Share.jpg

Откако неодамна помина помалку од 24 часа во Лондон, вклучително и само 45 минути со неговиот болен татко, кралот Чарлс III, добро упатени извори тврдат дека принцот Хари наскоро би можел повторно да дојде во Лондон.

Војводата од Сасекс долета во Велика Британија штом кралот Чарлс III му рекол дека му бил дијагностициран рак. Хари пристигна во Лондон со комерцијален лет, кој траеше 11 часа, за да помине само 45 минути во разговор со својот татко, а не го виде ниту својот брат, принцот Вилијам, ниту остатокот од кралското семејство.

Овој пат, според добро упатени извори, тој би можел да се врати веќе во мај за да присуствува на 10-годишнината од Игрите „Инвиктус“. Тоа не треба да изненадува бидејќи Хари ги започна игрите во март 2014 година, а прославата ќе се одржи во катедралата Свети Павле во Лондон.

„Хари навести дека можеби ќе се врати за годишнината од Игрите „Инвиктус“, кои од самиот почеток имаа голема поддршка од целото кралско семејство“, откри добро информиран извор за британски Експрес.

Сето ова повторно ги поттикна шпекулациите за тоа дали по враќањето на Хари во Лондон, конечно ќе има средба меѓу двајцата браќа, особено откако се дозна дека принцот Вилијам го чека својот помлад брат прво да се извини за се што кажал во последните години на сметка на кралското семејство, по што е подготвен да разговара.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста