Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Принцот Хари и Меган не се побезбедни во САД од Британија

Принцот Хари и Меган не се побезбедни во САД од Британија
300x250 opst2

Принцот Хари е во долготрајна безбедносна битка со британскиот Хоум офис (министерство за внатрешни работи) додека се обидува да добие кралска заштита откако во 2020 година се повлече од кралските должности.

dobivaj vesti na viber

Двојката се пресели во САД набргу по нивното повлекување од кралското семејството.

Сепак, се чини дека нивната безбедност сè уште е загрозенa бидејќи парот се справи со два проблема само неделава. Од бркање со автомобил, до демнач пред нивната куќа во Калифорнија.

Според „Сан“, принцот Хари и Меган цели два часа биле следени по улиците на Њујорк откако напуштија гала вечер, каде Меган доби признание за својот придонес во борбата за правата на жените.

Ова се случило откако еден човек претходно беше уапсен бидејќи со часови стоел пред нивната куќа во Монтесито, како што објави „ТМЗ“. Претставник на канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара потврди дека добиле повик во 2 часот наутро во понеделникот наутро од обезбедувањето на принцот Хари и Меган.

Кевин Гарсија Валдовинос (29) бил фатен од обезбедувањето на принцот Хари пред полицијата да го приведе. Истрагата е во тек, соопштија детективите на канцеларијата на шерифот во Санта Барбара.

Се претпоставува дека Кевин бил ослободен со кауција од 2.500 долари по инцидентот и сè уште не е јасно дали семејството Сасекс било дома кога натрапникот се обидел да влезе во домот.

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него