Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари доаѓа во Британија, а кралот Чарлс на соло патување надвор од земјата

Принцот Хари доаѓа во Британија, а кралот Чарлс на соло патување надвор од земјата
Ss2

Принцот Хари го тужи „Мирор њуз груп“ (МНГ) за хакирање на неговиот телефон, и бидејќи судскиот спор се води во Лондон, војводата од Сасекс е принуден често да патува од САД до Обединетото Кралство и назад.

dobivaj vesti na viber

Тој ќе се појави во суд следната недела, на 5 јуни, за да даде докази за своите тврдења. Овој дел од судскиот процес би можел да вклучи еден од најгласните критичари на Сасекси, Пирс Морган, кој порано бил уредник на „Мирор“.

Ss1

Принцот Хари тврди дека Пирс Морган бил свесен за ситуацијата со хакирање, па дури и ги охрабрувал незаконските дејствија.

Принцот Хари не е единствената позната личност од висок профил што тужи таблоиди поради хакирање телефони и други незаконски активности. Актерот Хју Грант, исто така, покрена тужба против весникот „Сан“ со слични тврдења.

Бидејќи принцот се враќа во Обединетото Кралство, прашањето кое многумина го поставија е дали ќе го посети својот татко или други членови на семејството?

Хари нема да го види кралот Чарлс, дознаваат медиумите.

Како што објави „Телеграф“, принцот ќе допатува на почетокот на следната недела во рамки на судскиот спор против МНГ, но војводата од Сасекс нема да може да се види со својот татко, дури и ако планирал.

Претстојната посета на принцот Хари се совпаѓа со приватната посета на кралот Чарлс на Трансилванија, каде што тој поседува имот. Кралот, наводно, има долга историја со Романија и ужива кога патува во оваа земја, каде што оди на планинарење и јавање. Весникот потсетува дека еднаш во годината тој оди во Романија.

Кралот, наводно, поседува 10 куќи во Романија, а првата ја купил во 2006 година во селото Вискри. Според „Телеграф“, домот на Чарлс Трети во Трансилванија нема Wi-Fi сигнал, телевизија или радио. Тој сам ќе патува во Романија, додека неговата сопруга Камила останува во Велика Британија.

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината