Утрински Весник
Магазин

Принцезата Кејт блеска на свечен банкет, Британците одушевени од тијарата

Принцезата Кејт блеска на свечен банкет, Британците одушевени од тијарата

Британскиот крал Чарлс Трети  го одржа својот прв државен банкет, а на свечениот прием во Бакингемската палата го угости и претседателот на Јужноафриканската Република Сирил Рамафоза.

dobivaj vesti na viber

На вечерата со јужноафриканскиот претседател беа сите важни членови на кралското семејство, вклучувајќи ги принцезата Кејт и принцот Вилијам, принцот Едвард и неговата сопруга Софи, војводата и војвотката од Глочестер и војводата од Кент.

Сите гости, судејќи според пишувањата на британските медиуми, останаа во сенка на принцезата Кејт.

Елегантната принцеза од Велс на приемот се појави во долг бел фустан, а на главата носеше дијамантска тијара.

Тијарата Lover’s Knot е една од омилените на принцезата Кејт, а ѝ ја подарила покојната кралица Елизабета.

Оваа тијара ѝ беше омилена и на нејзината покојна свекрва, принцезата Дијана.

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години