Утрински Весник
Спорт

Гави трет најмлад стрелец во историјата на СП

Гави трет најмлад стрелец во историјата на СП
300x250 (7)

Гави, суперталентираниот репрезентативец на Шпанија, го постигна петтиот гол за „Црвената фурија“, во триумфот од 7:0 против Костарика и стана третиот најмлад стрелец во историјата на Светските првенства.

dobivaj vesti na viber

Со 18 години и 110 дена, асот на Барселона секако е најмладиот играч кој постигнал гол за Шпанија на Мундијалот.

Ss1

Пред Гави на листата се легендарниот Пеле, кој против Велс на СП во 1958 година, постигна гол на возраст од 17 години и 238 дена и Мексиканецот Мануел Росас, кој на првото првенство во Уругвај во 1930 година имаше 18 години и 93 дена кога двапати ја затресе мрежата на Аргентина во поразот од 6:3.

„Ова е остварување на моите соништа. Не можам да опишам колку сум среќен поради овој гол. Одлично го почнавме првенството сакам да продолжиме вака“, изјави Гави.

Гави беше прогласен и за играч на натпреварот.

Ss1

Можете да прочитате

Енцо Фернандез ја заврши сезоната, мора да оди на операција на препоните

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та 

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце