Утрински Весник
Македонија

Прилеп и приградските населби утре претпладне без струја

Struja.jpg

Прилеп и околните населби утре од 6:30 до 11:00 часот ќе останат без електрична енергија. Од АД МЕПСО информираат дека исклучувањето е поради планирани работи на електропреносната мрежа, кои вклучуваат демонтажа на старо и монтажа на ново проводно јаже на далноводот ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1.

Работите ќе траат до четири и пол часа, по што напојувањето ќе биде обновено. АД МЕПСО апелира до граѓаните за разбирање, нагласувајќи дека се работи за активности важни за сигурно и стабилно функционирање на електросистемот.

Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда