Утрински Весник
Свет

При судир на два хеликоптери загинаа четири лица во Австралија

При судир на два хеликоптери загинаа четири лица во Австралија

Четири лица загинаа, а три се тешко повредени при судар на два хеликоптери денеска во близина на морски парк во австралиската држава Квинсленд, соопшти тамошната полиција.

dobivaj vesti na viber

Судирот се случил веднаш над тематскиот парк на северната плажа на Голд Коуст, популарна туристичка дестинација во Квинсленд, околу 14 часот по локално време, кога забавниот парк бил полн со семејства кои уживале во летните училишни одмори, пишува Sky News.

Едниот хеликоптер се урнал, а другиот успеал безбедно да слета, се наведува во соопштението на полицијата во австралиската држава Квинсленд.

На 13 пациенти им биле проценети повредите здобиени во несреќата, соопшти службата за брза помош во Квинсленд.

Австралиското биро за безбедност на транспортот ја истражува несреќата, соопштија властите.

Регионот Голд Коуст е најпосетуван во јануари, што е сезона на летни одмори во Австралија.

Можете да прочитате

„Мојот пријател“ – Трамп објави фотографија со Путин по средбата во Кина

Маѓар: Запленети се средствата на поранешниот министер на Орбан од 24 милиони евра

Франција го отфрли новиот предлог за буџет на ЕУ од кој беа одбиени 204 милијарди евра