Утрински Весник
Македонија

При претсрес за дрога уапсени две лица од Гостивар

Pretres vo gostivar pronajdena droga liseno od sloboda edno liceftrt image po3n rotated.jpg

На 06.05.2026 во 13:30 часот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиja од слобода Е.И.(37) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари.

Потоа, во 21:40 часот, полициски службеници го лишиja од слобода и Џ.М.(38) од село Здуње, гостиварско, поради сомнение за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.


Можете да прочитате

Голема сајбер-операција на МВР и ФБИ: Разоткриен 20-годишник кој администрирал криминална интернет-платформа

Антонио Јолевски назначен на местото на осомничениот обвинител Пецо Везировски

Започнува вакцинацијата против сезонски грип, еве како да се пријавите