Утрински Весник
Спорт

Приџони: Подобро да губам со моите отколку да победувам со странци

Приџони: Подобро да губам со моите отколку да победувам со странци

Откако Лоренцо Браун ја предводеше Шпанија до златото на штотуку завршениот Евробаскет, се зголемуваат критиките за можноста странците да играат за националните тимови. Легендарниот Аргентинец Пабло Приџони кој е селектор на Аргентина изјави дека остро се противи на натурализација на играчи во репрезентациите.

dobivaj vesti na viber

Приџони беше член на златната селекција на Аргентина, која беше вицешампион на светот во 2002 година и олимписки шампион во 2004 година, а со таа репрезентација како селектор неодамна го освои Купот на Америка. Во својата кариера играше главно во Шпанија, настапувајќи за Реал и Басконија.

„Отсекогаш сум бил против странците. Се додека сум јас во националниот тим, тоа нема да се случи, нема да има иту член на стручниот штаб од друга земја. Кога нема да бидам тука, нека одлучат други“, рече 45. годишниот Приџиони и додаде:

„Според мене, репрезентацијата треба да биде чиста – веќе имаме клупски натпреварувања за играчи ширум светот да се натпреваруваат еден против друг, и тоа е фантастично. Јас сум против тоа правило – попрво ќе губам губам со играчи од мојата земја отколку да победувам со играч кој не е од Аргентина. Мислам дека Лоренцо Браун не ја чувствува тежината на шпанскиот дрес како Љуљ или Руди, и тука завршува дискусијата за мене“.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами