Утрински Весник
Македонија

Презентација на резултатите од загадувањето на воздухот во општините – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга

Aerozagaduva E.webp.webp

Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, денеска, во хотел Александар Палас ќе се презентираат резултати од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, настанот ќе го отвори првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, додека резултатите од истражувањето ќе ги сподели ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. Дејан Мираковски.

Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитет за имплементација на проекти“. 

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана