Утрински Весник
Македонија

Презентација на предлог-верзија на минимум сајбер безбедносни стандарди за институциите

D0bfd180d0b5d0b4d0bbd0bed0b7d0b8d182d0b5 D0bdd0b0 D0bcd0b0d0bad0b5d0b4d0bed0bdd0b8d198d0b0 D182d180d0b5d0b1d0b0 D0b4d0b0 D0b3d0be D181 63d6de10cc5d5.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во рамките на проектот „Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан -интервенции за Република Северна Македонија“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, денеска и утре во Скопје ќе се одржи работилница на владината мулти-секторска група. Пред министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе бидат презентирани Предлог-верзијата на минимум сајбер безбедносните стандарди кои треба да бидат задолжителни за владините институции, со цел отпочнување на нивно тестирање во период септември – декември годинава и препораки за креирање на политики во областа на сајбер безбедност.

Како што најавуваат организаторите, на официјалниот дел од работилницата покрај министерот Андоновски збор ќе земе и заменик амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава Даниел Филер. 

-Во работниот дел од работилницата владината мулти-секторската група ќе дискутира со претставници на медиуми, невладини организации, академска јавност и приватниот сектор за важноста на сајбер безбедносните стандарди и нивната усогласеност со принципите на добро управување и родова и социјална инклузија. Целта на оваа дискусија, исто така, е и да се потенцира потребата за вклученост на целото општество во градење на национална отпорност кон сајбер заканите, соопштуваат одговорните за проектот.

Проектот има за цел да ја подигне свеста, изгради капацитети и предизвика позитивни промени во примената на сајбер безбедноста низ земјата. Спроведувањето на проектот е започнато од август 2023, а треба да заврши во март 2025 година.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе